Свет сад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз база во Ирак

Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници.

Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на палестинското исламистичко движење Хамас и либанската група Хезболах минатата недела.

Според ирачките сили за безбедност, две ракети од типот „Катќуша“ биле истрелани кон воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак и паднале внатре во базата.

To top