Франција е на чекор до остварување на сонот, а тоа е прва олимписка титула за францускиот фудбалски тим. „Триколорите“ во Лион го совладаа Египет и беа пред елиминација, но со гол се изборија за продолженија, по кои славеа со 3-1 (0-0, 1-1).
Египет со голот на Сабер дојде до предност во 62. минута. Французите напаѓаа и дури во 83. минута успеаја да израмнат и така да се спасат од елиминација.
Следуваа продолженијата, во кои Франција влезе со огромна предност поради тоа што Фајед од Египет доби црвен картон во втората минута од продолжението. Тоа го искористи Матета кој погоди во 99. минута и ги донесе Французите во водство.
Во 108. минута Олисе ги реши сите дилеми околу победникот, постигнувајќи гол за 3-1.
Во финалето Франција ќе игра против Шпанија, која претходно денеска го совлада Мароко со пресврт во финишот со 2-1.