Свет

Макрон упати заеднички повик за „воздржаност“ на Блискиот Исток со лидерите на ОАЕ и Саудиска Арабија

Макрон упати заеднички повик за „воздржаност“ на Блискиот Исток со лидерите на ОАЕ и Саудиска Арабија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, неговиот колега на чело на Обединетите Арапски Емирати – шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и престолонаследникот на Саудиска Арабија – Мохамед бин Салман Ал Сауд, денеска упатија заеднички апел до сите учесници на процесите на Блискиот Исток „да покажат одговорност и воздржаност за да се избегне регионален пожар“, пренесе БТА.

-Разговарав со претседателот Мохамед бин Зајед и престолонаследникот Мохамед бин Салман за ситуацијата на Блискиот Исток. Ги повикуваме сите актери да покажат одговорност и воздржаност за да се избегне регионален пожар. Никој не е заинтересиран за ескалација, напиша шефот на француската држава на социјалната платформа „Х“ во контекст на зголемените тензии меѓу Израел, од една страна, и Иран и неговата блиска либанска шиитска група, Хезболах, од друга страна.

Најнови вести од Свет

To top