Овен 21.3-20.4.
Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштите во страстна врска. Во секој случа, послушајте го срцето и нема да згрешите. Оние во врска ќе бидат добро. Среќета во домот оваа недела ќе ви биде преокупација. Работите во куќата, ситни поправки ќе се случуваат спонтано и организирано. Оние кои одат на работа, ќе работат неделава колку за да одработат. Ќе го анализирате своето минато.
Бик 21.4- 20.5.
Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително, а се друго ќе наведува на незадоволство, расправии и кавги. Затоа разговарајте, но не инсистирајте на прегратки. Тоа нека почека подобри времиња. Со трпение, се ќе се среди. Вашите финансии како –така конечно се стабилизираа. Истовремено се отовра нова мрежа за деловни соработки, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со колегите и работете заедно. Така резултатите ќе бидат подобри. Не можете без патувања, па ниту сега.
Близнаци 21.5.-21.6.
Радост поради луѓето кои ги сакате, пријатни забави без преголеми амбиции, опуштеност во секој момент на дружење – сето тоа може да го доживеете деновиве. Бидете отворени, имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете среќни. Не сакате да се занимавате со се и сешто, но заостанатата работа ќе мора да ја довршите. Станува збор за ситници, за кои не треба да се нервирате. Прифатете го како дел од работата низ кој треба да минете за да стигнете до нешто подобро. Погледајте добар филм, најдобро комедија.
Рак 22.6-22.7.
Ќе има нешто помалку привлечност, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе да уживате дома во друштво со најдрагата личност. Оние кои се сами, би можеле да најдат љубов на излегувања или патувања. Погледнете малку подобро околу себе и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат нешто да направат. Подобро е подобро да се поврзат и да осмислите подобар план на организација. Придвижете се себеси и другите. Не дозволувајте било што да ве исфрли од такт.
Лав 23.7-22.8.
Ќе ви изгледа како жубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално, зашто драгата личност ќе биде на пат. Посакувањето ќе се засили, а со тоа и чувството на осаменост. Некои ќе бараат утеха во разгорување на фантазијата и сонувањето. Шефовите би можеле да ја сменат тактиката и да кратат таму каде најмалку сте се надевале. Тоа тешко ќе ви падне. Сепак, ќе мора да го прифатите она што се нуди и да се прилагодите како знаете најдобро. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно. Релаксацијата е најважна.
Девица 23.8.-23.9.
Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста, иако и во реалниот живот нема да ви биде лошо. Некои затоа ќе живеат во фантазија , гледајќи љубовни филмови или ќе сонуваат на јаве. ќе има и такви кои ќе ги чувствуваат задоволствата што ги носи платонската љубов. Лесно ќе решавате се што ќе ви пречи во професионалната работа. Вашата вродена сериозност овој пат складно ќе биде измешана со лежерност, па многумина ќе се изненадат од смелоста со која ги водите работите. Ќе бидете успешни речиси во се. Одете таму каде што се чувствувате добро.
Вага 24.9.-23.10
Полека влегувате во динамична фаза, кога љубовните настани ќе ве изненадуваат. Ако веќе сте во врска би можело да дојде до взаемен флерт, што ќе се претвори во фестивал од доблести. Понекогаш ќе претерувате, но ќе бидете задоволни. Ви се отвора врата за соработка, што финансиски ветува. Ќе бидете задоволни поради тоа. Ќе ги проанализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збркани, но тоа е минливо. Верувајте во подобро утре без оглед на се.
Шкорпија 24.10-22.11.
Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе си разменувате идеи за се и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние кои се сами, ќе ја бараат личноста од соништата. Во деловните контакти и комуникација избегнувајте да покажете емоции. Едноставно зашто некој би можел да ве доживее како непрофесионална личност, а вие тоа навистина не сте. Внимателно проценете колку емоции треба да покажете. Релаксирајте се редовно.
Стрелец 23.11.-21.12.
Добар развој на љубовниот и социјалниот живот ќе ве охрабри да одите понатаму. Многумина во својата врска ќе внесат свежина со одење на некое интересно место. Оние кои се уште сами, би морале да излегуваат надвор од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓето. Не сте сигурни во своите идеали.Затоа барате нови примери. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат луѓето од својата професија, кои им се допаѓаат. И тоа е некаков пат, но треба да се дојде до себеси и војата специфичност. Позанимавајте се таквата цел. Полнете ги батериите со релаксација.
Јарец 22.12.-20.1.
Семејните предизвици во голем дел ќе го задржат ваашето внимание во приватниот живот. Оние во врскам ќе балансираат меѓу партнерот и семејството и на тој начин односот со саканата личност малку ќе кризира. Самите ќе остануваат дома. На работа се повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера. Вие веројатно ќе ги орасположувате другите кога ќе наидат потешки периоди. Некој ќе се жали дека има премногу работа, а вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате самите, а и колегите. Недостигот на енергија надополнете го со добар план.
Водолија 21.1.-19.2.
Оние кои имаат семејство, ќе сакаат деновите да ги минуваат заедно. Оние во двојки ќе минуваат низ преоден турбулентен период, кога ќе треба да покажат доста толеранција и самоконтрола. Нека не влегуваат во непотребни расправи. Како што ќе минува неделата, ќе забележите дека станувате се покреативни. Затоа ќе почнете да работите со поголемо задоволство. Вашите идеи добро ќе бидат прифатени од помладите. Некои ќе добијат ѓанса за настап или презентација пред публика. Бидете она што сте.
Риби 20.2.- 20.3.
Конечно ќе дојде до подобрување во врските, иако се уште повремено доаѓате во искушение да се искарате. Ќе има поголема блискост, но и бризната со која ќе се натажите ќе биде присутна. Затоа контролирајте се и верувајте во подобро утре. Условите за развој на кариерата ќе бидат тесно поврзани со битка и стрес. Ваше е да си ја процените силата и онаа на противникот, па да постапите реално и паметно. Важно е да рационализирате со сите сили. Побарајте хармонија во нештата.