Ракометната репрезентација на Шведска ја потврди фаворитската улога и со убедлива победа над Јапонија 40-27 го завери третото место во групата пред четвртфиналето на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз.
Најдобар стрелец кај победникот беше Карлсон со шест гола, а Готфридсон кој е повратник во тимот имаше пет гола, додека кај Јапонија, Сугиока заврши со девет гола, додека Јошида уфрли пет гола.
За првото место во Групата А директна битка ќе водат Германија и Словенија, додека за последното, четврто место, кое води во четвртфиналето, директен дуел играат Шпанија и Хрватска.