Македонските кошаркари до 18 години ја совладаa Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.
„Црвено-жолтите“ ќе играа во финалето, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата. Финалето се игра утре вечер, а противник на Македонија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Австрија и Полска.
Нашите репрезенти беа бодрени од верната публика, а меѓу нив присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски и Министерот за спорт Борко Ристовски.