Победникот беше решен во вториот период кој Канада го доби со 30-19. Во второто полувреме Шпанија ја топеше полека предноста на Канада, мечот влезе во неизвесна завршница, но Шпанците не успеаа да го свртат натпреварот и да победат. Конечниот резултат беше 88-85 за Канада.
Најефикасен во победничкиот состав беше Гилџес-Александер со 20 поени, Ендру Нимбхард додаде уште 18, додека кај Шпанија прво име беше Дарио Бизуела, кој запиша 17 поени.
Канада како прва од групата оди понатаму, Австралија е втора и тие одат во следната фаза, а веројатно место ќе има и за Грција, но Грците ќе го чекаат расплетот на позициите за третото место.