Свет Нирнберг и Фирт

Силно невреме поплави делови од Германија, итните служби повикани на стотици локации

Повеќе од 100 милиметри дожд паднаа во тој регион за помалку од 12 часа, соопштија германските метеоролози.

Силно невреме поплави делови од Германија, итните служби повикани на стотици локации

Силно невреме поплави патишта и предизвика штети во делови од Германија, соопштија денеска локалните власти, додека други делови од земјата се подготвуваат за претстојни поројни дождови.

Итните служби беа повикани на стотици локации, а најтешко погоден регион беше Франконија во Баварија. Неколку автомобили останаа заробени под вода во подвозници во Нирнберг и Фирт.

Најголема финансиска штета се случи во Унтермерцбах, северно од Нирнберг, каде гром веројатно запалил складиште со 60 до 70 возила, соопштија пожарникарите во првата проценка.

Во Тирингија, улиците беа поплавени и во градот Нордхаузен, а службите беа повикани да извлекуваат вода од подруми и патишта.

Повеќе од 100 милиметри дожд паднаа во тој регион за помалку од 12 часа, соопштија германските метеоролози.

Во градот Лудвигсхафен, во сојузната држава Рајнланд-Пфалц, се запали семејна куќа, веројатно по удар на гром. Никој не е повреден, но штетата изнесува до 100.000 евра, пренесува ДПА.

Изутринава, метеоролошките служби издадоа предупредувања за уште три окрузи на северот на Тирингија, со очекувано смирување на временските услови во попладневните часови.

Најнови вести од Свет

To top