Кошаркарите на Грција дојдоа до првата победа на ЛОИ во Париз откако ја совладаа селекцијата на Австралија со 77-71, и така останаа во игра за пласман во следната фаза.
Победникот Грците го решија со одличната втора четвртина, која ја добија со 16 разлика, и на полувреме заминаа со +15.
Австралијците се обидоа да стигнат, се доближија до резултатот на противникот, но немаа сили да дојдат до пресврт.
Јанис Адетокумбо беше најефикасен со 20 поени, а Вокап постигна 18. Ландал кај Австралија со 17 беше најефикасен кај поразениот тим.