Македонија ухмр

Многу топло време за продолжениот викенд, попладне можно локално невреме

Многу топло време за продолжениот викенд, попладне можно локално невреме

Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Како што соопштија од УХМР, локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Времето утре сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Најнови вести од Македонија

To top