Ракомет

ОИ: Франција избегна трет пораз со гол во последната секунда (ВИДЕО)

ОИ: Франција избегна трет пораз со гол во последната секунда (ВИДЕО)

Француската машка ракометна репрезентација едвај извлече бод на дуелот со Египет за конечни 26:26 на олимпискиот турнир во Париз.

Трет натпревар по ред, Французите дозволија противникот да диктира темпо и да доминира на теренот, а Египет на полувреме имаше водство од 15:11.

Во вториот дел домашната селекција успеа да ја надополни негативата, но се спаси од пораз со голот на Фабрегас постигнат во последните секунди од натпреварот.

Ова е прв бод за Франција на ракометниот турнир, а ваквиот ефект ја става во ситуација грчевито да се бори за пласман во нокаут рундата во последните две кола, во кои противници се Аргентина и Унгарија.

Фабрегас со 5 гола бил најефикасен кај домаќините, додека Омар Јахија постигна 8 за египетската селекција.

https://x.com/i/status/1818717486805668249

To top