Според израелските медиуми, командантот на Хезболах бил цел на израелскиот воздушен напад во Бејрут
Станува збор за Фуад Шукр, познат и како Хаџ Мохсин, висок советник на лидерот на терористичката група Хасан Насралах, пренесува Тајмс оф Израел.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред неколку години го идентификуваа како командант на проектот за прецизни ракети на Хезболах.
Тој е баран и од САД поради неговата улога во бомбардирањето на касарната на американските маринци во Бејрут во 1983 година.