Поп пејачката направи музички спектакл во Париз за време на официјалното отворање на Олимписките игри. После тоа, таа верно го следеше остатокот од програмата од трибините во друштво на францускиот премиер Габриел Атал.
Популарната пејачка срдечно го прегрна премиерот, а потоа му ја откри својата добро чувана тајна. Имено, како што пренесуваат странските медиуми, Гага актуелниот премиер на Франција го запознала со својот долгогодишен партнер, односмо вереникот.
-Ова е мојот вереник, Мајкл, му рекла Гага на францускиот премиер додека го запознала со Мајкл Полански.
« This is my fiancé, Michael »
GAGA IS ENGAGED pic.twitter.com/kkNXCkDHUy
— Sacha ❤️🔥 (@DusseldorfWig) July 28, 2024
Веста дека Гага има нов вереник со месеци кружи на интернет, но пејачката никогаш јавно не ја објави оваа информација.