Македонија

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид во ГОБ „8 Септември“

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид во ГОБ „8 Септември“

Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов, кое ќе се врши во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Од ФЗО попладнево соопштија дека врз основа на препораките од Виена и Градската општа болница „8 септември“, ќе биде одобрена употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.

– Во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведе каде е тоа. Минатата недела, Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и 8-ми септември, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман, велат од Фондот за здравствено осигурување.

Упатуваат апел до сите на кои им е потребно лекување, пред да се одлучат за собирање донации да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување.

– Поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување. Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, се наведува во соопштението.

Утрово, од Министерството за внатрешни работи и од Центарот за управување со кризи информираа дека вчера доцна попладне Леонид е транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје. Тој беше на лекување во Виена, а на 10 јули годинава, неговиот татко упати барање до ЦУК за воздухопловен транспорт. Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. 

Најнови вести од Македонија

To top