Вечерва околу 19:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18:40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено во добра здравствена состојба.
Детето ќе биде предадено на родителот.