Фудбалскиот клуб Лос Анџелес сака да го ангажира Антоан Гризман, фудбалер на Атлетико Мадрид кој веќе некое време е желба на клубот од МЛС лигата.
Овој 33-годишен фудбалер е под договор со Атлетико Мадрид до 2025 година, но тој самиот веќе изразил желба да игра во САД.
Гризман има ослободителна клаузула која не е висока, околу 10 милиони евра, а доколку ја плати, Лос Анџелес би можел да го направи Гризман втор најплатен фудбалер во МЛС – лигата, веднаш по Лионел Меси.