Денеска (26.07.2024) во 02:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20:50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57).
Според пријавата, тој ја оштетил и влезната врата од зградата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.