Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност кон крајот на следната година да се распише референдум за ископ на литиум.
Во изјава дадена во Париз каде е поради отворањето на Олимписките игри тој нагласи дека најпрвин сака да добие анализа на локални експерти во врска со заштитата на животната средина и дека, како што изјави, потоа ќе види што да прави понатаму.
„Ако се оди според планот, можеме да побараме изјаснување на граѓаните на крајот на следната година… и тие можат да изберат дали сакаат да биде во Лозница, дали сакаат да биде во Западна Србија или во цела Србија, изјави Вучиќ. (МИА)