Претседателот на американскиот Здружениот Генералштаб, генерал Чарлс К. Браун изјави дека Израел сè уште не споделил голем дел од своите планови за Појасот Газа за „денот по завршувањето на војната“ со палестинското исламистичко движење Хамас.
Неговата изјава уследи по обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред американскиот Конгрес, во кој тој ги истакна само нејасните контури на „дерадикализираната“ повоена Газа.
– Нема многу детали што можев да ги видам за нивниот план. Тоа е нешто на што ќе продолжиме да работиме со нив, посочи генерал Браун на вчерашната прес-конференција во Пентагон.
САД повеќе месеци апелираат Израел да изработи реален повоен план за Појасот Газа и предупредува дека неговото отсуство може да доведе до беззаконие и хаос, како и евентуално враќање на Хамас во палестинската енклава.