Милијардерот Илон Маск ги демантираше наводите што се појавија во медиумите дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Маск изјави дека тоа „едноставно не е точно“.
„Нема да донирам 45 милиони долари месечно на Трамп. Сега направив „Пек“ или „Супер Пек“ (Super Pac) или како сакате наречете го. Се вика „Америка Пeк“ (America Pac), рече Маск, објави весникот Хил.