Македонија

ВИДЕО: Работа на терен, експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка готов до нова година

ВИДЕО: Работа на терен, експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка готов до нова година

Градежните работници и машини се на терен и работат на експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакнува дека работат  со голема динамика и ги решаваат проблемите.

-Денот го почнуваме со ова убаво видео на кое се гледа работата на експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка. До Нова година ќе биде готов, објави Николоски на Фејсбук.

Министерот вчера заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во изградбата на експресниот пат од каде истакна дека и покрај наследените проблеми од претходната влада, ќе ги употребат сите расположливи ресурси и експресниот пат од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка ќе го завршат до крај на годината.

Најнови вести од Македонија

To top