Останати спортови

КАПИТЕНОТ СЛАВИ: Среќен роденден Никола Ѓорѓиев

КАПИТЕНОТ СЛАВИ: Среќен роденден Никола Ѓорѓиев

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев денеска го прославува својот 36 роденден.

Роденденската забава веројатно ќе биде одложена, бидејќи Ѓорѓиев како врвен спортист не се откажува од професионалните обврски и во моментов со репрезентативните колеги е на подготовки за евроквалификациите кои ги очекуваат во август.

Сепак, веруваме дека момците од репрезентацијата ќе се погрижат да го изненадат капитенот и да го одбележат заедно роденденот.

Честитка на социјалните мрежи пристигна и од сопругата на Никола која објави нивна заедничка фотографија.

Screenshot

Му посакуваме многу успеси, приватни и професионални, повторно настап на Европско првенство и нека биде повеќе од осминафинале.

To top