На белградскиот аеродром Столтенберг беше пречекан од српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.
Вечерва на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ го пречекав генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ќе биде во официјална посета на Република Србија, напиша Вучевиќ на Инстаграм.
Столтенберг претходно ја посети Приштина, каде разговараше со претседателот и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти.