Лукашенко денеска именуваше нови амбасадори во Кина, Зимбабве, Јужна Африка, Србија, Северна Македонија и Индонезија, како и генерален конзул во Мумбај и одржа средба со нив.
За амбасадор на Белорусија во Република Србија, а воедно и во Република Северна Македонија, беше именуван Сергеј Малиновски, кој претходно беше началник на Главниот сектор за информатичко-аналитички работи на Министерството за надворешни работи.
– Потребно е да се разбере политиката што Србија ја води и сака да ја води во однос на Белорусија. Ако сакаат, тогаш мора да има резултати во трговските и економските односи. Ако сакаат да мавтаат со опашката, грубо кажано, и да ги поддржат европските и американските санкции против Белорусија, тоа е нивна работа, нека дефинираат и нека поддржат ако го заборавиле доброто со кое отидовме кај нив, рече Лукашенко.