Пет лица загинаа денеска во Дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар.
Како што пренесува Јутарњи, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинаа на лице место, а на некои се уште им се пружа лекарска помош. Убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во кафуле.
Низ градот Дарувар одекнуваат сирени на сите можни итни служби.