Македонија

ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА ВО ВЕЛЕС: Пожар сопрен на 100 метри од склад со 80 тони плин (ВИДЕО)

ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА ВО ВЕЛЕС: Пожар сопрен на 100 метри од склад со 80 тони плин (ВИДЕО)

Пожар изби вчера околу 16:30 часот во кругот на старата фабрика Порцеланка.

Дирекорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка.

-Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, истакнува Ангелов.

Кон пожарот веднаш биле упатени и воздухоплови кои не интервенирале бидејќи огнот бил изгаснат.

МВР е на терен и се истражува кој го подметнал опасниот пожар.

Најнови вести од Македонија

To top