СЕ ОДДРЖА “ГАЗИ БАБА НА ТОЧАК”. Со велосипеди заедно со синот Марио се приклучивме на настанот “Гази Баба на точак” кој се оддржа на плоштадот во Автокоманда, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Им благодарам на сите луѓе, на големиот број дечиња кои со своите велосипеди учествуваа на денешниот настан.
Ја спроведовме и лотаријата во која најсреќните дечиња ги добија наградите, а едно девојче ја имаше среќата и го доби велосипедот. Ги доделивме и решенијата на граѓаните кои имаа аплицирано за субвенционирана набавка на нов велосипед.
Едноставно имавме одличен настан кој во иднина ќе го надоградиме и ќе го направиме уште поуспешен. Им благодарам на Алфи Техноцентар и Меркур за поддршката во реализацијата на овој настан. Вие граѓаните, го заслужувате тоа!