Вечер со почеток во 20:45 часот македонската фудбалска репрезентација на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Англија во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година.
„Гордиот Албион“ на последиот натпревар не совлада со 7:0, а вечерашниот натпревар за селекцијата на Македонија покрај спектакл ќе биде и докажување дека дебаклот во Манчестер е само лош ден.
Имено во Македонија допатува и голема група на англиски навивачи која ќе им биде поддршка во вечерашниот натревар, а тие се познати и „хаосот“ кој го прават на речиси секое гостување.
Денес тие ги „окупираа“ пабовите на кејот на рекава Вардар, а нашиот репортер беше меѓу нив.
Меѓу нив има големо полициско обезбедување, а уште поголемо се оечекува да има во текот на натпреварот.
Погледнете каква беше атмосферата:
Англиски навивачи во Скопје pic.twitter.com/cr1qYL0ekJ
— Курир (@KurirMK) November 20, 2023
Англиски навивачи2 pic.twitter.com/AEvSecJtG5
— Курир (@KurirMK) November 20, 2023
Англиски навивачи 3 pic.twitter.com/1bNpGnp0XV
— Курир (@KurirMK) November 20, 2023