Принцезата Кејт Мидлтон ги воодушеви кралските фанови со присуството на машкото финале на Вимблдон.
Кралскиот експерт, Хју Викерс рече дека доаѓањето на Кејт е „голем чекор напред“ за принцезата од Велс и дека е „многу позитивна вест“ која доаѓа во време на нејзиниот третман во борбата со ракот.
Мидлтон, по пристигнувањето на трибините на Вимблдон со ќерката Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон, беше поздравена со овации од присутните љубители на тенисот.
Ова е второ појавување на Кејт во јавноста откако објави дека боледува од рак. На победникот Карлос Алкараз таа му го врачи пехарот, но и на второпласираниот Новак Ѓоковиќ, кој во таа прилика и се поклони, а и се обрати неколку зборови.