Свет сад

Бајден: Политиката никогаш не треба да се претвора во бојно поле

Во обраќање претходно вчера Бајден повика да се изврши проверка на федералната безбедност откако Доналд Трамп беше ранет за време на пукање во саботата на митингот во Пенсилванија.

Бајден: Политиката никогаш не треба да се претвора во бојно поле

Претседателот на САД Џо Бајден синоќа од својот кабинет во Белата куќе се обрати до нацијата по повод обидот за атентат врз републиканецот Доналд Трамп, повикувајќи ги сите страни од политичкиот спектар да ја намалат температурата во реториката.

Во говорот од својот кабинет (Овалната соба), трет таков откако ја презеде функцијата во 2021 година, Бајден го осуди пукањето врз Трамп, рече дека во Америка нема место за насилство и повика на единство во земјата.

-Политиката не треба да се претвора во бојно поле, изјави Бајден, додавајќи дека сите несогласици треба да се решаваат со гласачки ливчиња.

-Нашите несогласици во Америка ги решаваме на избирачките места. Тоа така го правиме, со помош на кутиите за гласање, не со помош на куршуми, изјави Бајден во текот на својот говор кој започна во 20 часот по источноамериканско време, траеше околу седум минути и се пренесуваше од сите големи национални телевизии.

-Пукањето во Трамп е сигнал за сите нас да направиме чекор назад, изјави претседателот на САД. За среќа Трамп не е сериозно повреден, додаде тој.

-Не смееме да допуштиме насилството да стане нормала. Политичката реторика во оваа земја стана мошне жешка. Дојде време да ја оладиме. Ние сите носиме одговорност за тоа, изјави Бајден.

Настапот на Бајден беше можност тој да демонстрира авторитет и да ја покаже тежината на должноста претседател, посебно кога траат внатрепартиски дискусии и има повици од Демократската партија 81 годишниот лидер да се откаже од изборите поради загриженост дека нема да може успешно да ја извршува должноста шеф на Белата куќа уште четири години.

Во обраќање претходно вчера Бајден повика да се изврши проверка на федералната безбедност откако Доналд Трамп беше ранет за време на пукање во саботата на митингот во Пенсилванија.

На партиски собир неделава во Милвоки Трамп се очекува да биде официјално назначен за претседателски кандидат од Републиканската партија.

Најнови вести од Свет

To top