Припадници на Армијата од утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион и се во координација со сите инволвирани субјекти во моментот.
Припадници на АРМ ангажирани за гаснење на пожарот во неготинско pic.twitter.com/LpqjC27ELZ
— Курир (@KurirMK) July 14, 2024
Тие интервенираат на посочените критични точки на многу тешко пристапен терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола.
На терен се околу 100 припадници на Армијата, а активирани се и двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ кои во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.
На терен се пристигнати и министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарот на планината Серта се очекува да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии.
Центарот за управување со кризи утринава информираше дека на територија на државата има активни седум пожари. По прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена од страна на Владата по барање на Кризниот штаб на Неготино од рано утринава пожарот во неготинско се гаси од земја и од воздух.