Еден од водечките луже во Ферари Фредерик Васер, објави повеќе детали за договорот на Луис Хамилтон со овој тим.
Французинот рече дека договорот на седумкратниот светски шампион му е на три години и е до крајот на сезоната 2027.
„Луис е важен симбол бидејќи испраќа позитивна порака за иднината на тимот. Тој мораше да направи избор и да се запраша: Каде имам најголеми шанси да го освојам шампионатот во 2025, 2026 или 2027 година? Одговорот му беше Ферари“, изјави Васер.