Денеска (13.07.2024) во 02:15 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода К.М.(65) и Д.М.(45) по претходна пријава дека околу 01:40 часот во парк во Виница заедно со уште две малолетни лица физички ја нападнале С.И.(34) сите од Виница.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.