На кинеската социјална мрежа Веибо објавено е видео од 92-годишна жена од кинеската провинција Шандог која побегнала од дом за стари лица прескокнувајќи металната ограда висока два метри.
Директорот на домот за стари лица изјавил дека жената боледува од тешка форма на Алцхајмерова болест.
Тој додал дека и покрај лошата здравствена состојба, вештата дама покажала голем интерес за вежбање и качување и дека веднаш наредил претрес во кој биле вклучени четири возила.
„Потрагата траеше 25 минути, а персоналот ја нашол во близина на старечкиот дом“, изјавил тој.