Фудбал

Пред пеналот за Англија, Сака играше со рака во истата акција

Пред пеналот за Англија, Сака играше со рака во истата акција

Сеуште не стивнуваат реациите по досудениот пенал за Англија на мечот со Холандија.

Сепак, според многумина, пеналот што беше досуден за Англија, а потоа и реализиран, е многу контроверзен.

Контактот помеѓу Кејн и Дензел Дамфрис не е спорен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судецот Феликс Цвајер по прегледот на снимката одлучи дека се работи за старт за најстрога казна.

Исто така, на повторената снимка многумина сметаат дека е можно да се види како пред контактот помеѓу Кејн и Дамфрис, Букајо Сака ја допре топката со рака.

На снимката се гледа како Сака се обидува да ја контролира топката со телото, а потоа таа се одбива кон раката.

Играњето со рака по одбивањето на топката од телото често се истакнува како дозволено. Момент подоцна, Кејн замавнува кон топката, а Дамфрис го удира во обид да го блокира.

 

 

To top