Европскиот првак Реал Мадрид го претстави дресот на најголемото летно засилување Килијан Мбапе со бројот девет на грбот кој е пуштен во продажба.
Со завршеното Европско првенство, Килијан Мбапе сега може да се фокусира на својата клупска кариера и непречен почеток на животот во Реал Мадрид.
View this post on Instagram
Настапот со Франција во полуфиналето на Европското првенство Мбапе го заврши со пораз од Шпанија (2:1), а сега ќе добие неколку дена одмор пред официјално да се пресели во Шпанија.
Одличниот Французин на 16 јули ќе биде присутен на Сантијаго Бернабеу кога ќе биде претставен пред навивачите. Тој ден ќе го одработи првиот тренинг со „Кралевите“, а потоа ќе го потпише договорот во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез.
Во меѓувреме, Реал Мадрид го претстави неговиот клупски дрес. Како што беше најавено, потврдено е дека ќе го носи дресот со бројот девет.
🚨🚨| Kylian Mbappe jerseys on SALE! 🤍 pic.twitter.com/KQeZCNIHur
— CentreMadrid. (@centreofmadrid) July 11, 2024
Дресот е пуштен во продажба и се очекува рекорден број на продадени примероци, што ќе му овозможи на Реал Мадрид да покрие сериозен дел од приходите на „Сантијаго Бернабеу“.
Дресовите се достапни за цени кои се движат од 150 до 230 долари.
Мбапе ќе стане првиот играч по Карим Бензема кој ја добил „деветката“ во клубот.