Утрово во Берово се измерени -5 степени целзиусови, во Скопје- Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица – 2, -1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Велес, нула во Скопје – Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка и Кавадарци, три на Попова Шапка, еден степен во Маврови Анови, Крушево и Виница, 2 во Гевгелија и 6 степени во Дојран.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време, информираа од УХМР. Утрово е сончево со мала локална облачност, а во Демир Капија има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од северен и западен правец.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.