На 11.07.2024 во 10.25 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и од Полициското одделение Чегране лишен е од слобода А.Н.(54) од с.Чајле.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени се марихуана и хашиш, спакувани за понатамошна продажба.
По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.