Скопје Ги менуваме работите од корен, вели Костовски

Костовски: За две години го променивме ликот на општина Бутел

Изминаа две години откако ми ја дадовте довербата да ја раководам Општина Бутел. Две години исполнети со многу работа, труд и посветеност. Ги менуваме работите од корен, за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани. Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Костовски: За две години го променивме ликот на општина Бутел

-ЗА ДВЕ ГОДИНИ ГО ПРОМЕНИВМЕ ЛИКОТ НА НАШАТА ОПШТИНА БУТЕЛ

ВАШАТА ПОДДРШКА И МОЈАТА ЉУБОВ КОН ОПШТИНА БУТЕЛ СЕ ДВАТА СТОЛБА НА МОЈОТ НЕПОКОЛЕБЛИВ МОТИВ!
Изминаа две години откако ми ја дадовте довербата да ја раководам Општина Бутел.

Две години исполнети со многу работа, труд и посветеност.

Ги менуваме работите од корен, за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани.

Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес.

Вложуваме во нова патна инфраструктура, асфалтиравме шеесет улици од кои пет клучни сообраќајници. Се реализираа два носечки предизборни проекти, се изградија нова детска градинка и ново основно училиште. Изградивме пешачка патека во населеното место Љуботенски пат, а во населеното место Скопје Север изградивме триесетина пристапни патеки.

Денециското ветување за уредување на речното корито и изградба на трим патека на река Серава е реалност.

Во Општина Бутел за првпат се изгради плоштад.

Ветив пред граѓаните на Општина Бутел и денес по изминати две години можам гордо да кажам дека ветувањата се исполнуваат и општина Бутел се менува!

Општина Бутел е наш дом, наша сегашност и наша иднина!

Продолжуваме, заедно со сите Вас да ја градиме и развиваме Општина Бутел во модерно и подобро место за живеење!, пишува во својата објава Костовски.

To top