Свет невреме

ВИДЕО: Словенија ја зафати невреме, најлошо во Љубљана

Големо невреме ја зафати Словенија, а најлошо е во западниот и северниот дел на Љубљана.

ВИДЕО: Словенија ја зафати невреме, најлошо во Љубљана

Големо невреме ја зафати Словенија, а најлошо е во западниот и северниот дел на Љубљана.

Невремето кое е придружено со силен ветер и град се движи и над Домжал.

Некои возачи ги запреа своите автомобили под надвозник во Љубљана за да се скријат од дождот и град.

„Суперклеточното невреме што ја зафати централна Словенија локално го распрска градот, имаше и силни налети на ветар и пороен дожд. Наплив на невреме има во областа на Љубљана и Требње“, информираат од Управата за заштита и спасување на Словенија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„За жал, за време на невреме на автопатот, некои неодговорни возачи сè уште ги запираат возилата во тунели, на паркинг ленти, се вртат или дури излегуваат од возилото и слично. Со тоа се загрозуваат себеси и другите учесници во сообраќајот бидејќи може да да биде метеж или опасни судири и сообраќајни незгоди“, се наведува во соопштението.

To top