Македонија

Томовски: Се трга полициската, се поставува отстранетата ограда, вратите на владата отворени за граѓаните

Томовски: Се трга полициската, се поставува отстранетата ограда, вратите на владата отворени за граѓаните

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски информира дека денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.

-Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална, вели Томовски.

Тој посочува дека вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.

Најнови вести од Македонија

To top