Македонија дебата во берово

Ристески: Власта за некој е мајка, а за некој маќеа, министерот Пенов е еден нем посматрач во целокупната проблематика која ја имаат општините

Ристески посочи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наследија многу катастрофални состојби кои беа поради неспособноста на власта да се справи со економската, енергетската и ковид кризата.

Ристески: Власта за некој е мајка, а за некој маќеа, министерот Пенов е еден нем посматрач во целокупната проблематика која ја имаат општините

Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Важно е да нема опструкции за работа на општините“ која се одржа во Берово зборуваше како кризата влијае врз општините. Тој нагласи дека сите проблеми со кои се соочува Република Македонија се поради катастрофалното владеење на СДСМ и ДУИ.

-Една интересна дебата која е во контекст со сите оние проблеми со кои се соочува цела Република Македонија од ова катастрофално владеење на чело со СДСМ и ДУИ. Најголеми импликации од таквото владеење имаат секако општините и градоначалниците кои се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а преку тоа тие реперкусии се одразуваат и на сите граѓани во тие општини во Република Македонија, рече тој.

Ристески посочи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наследија многу катастрофални состојби кои беа поради неспособноста на власта да се справи со економската, енергетската и ковид кризата.

-Морам да напоменам дека овие градоначалниците навистина начекаа еден многу тежок момент кога со поставувањето и изгласувањето нивно за градоначалници во нивните општини, бидејќи наследија многу катастрофални состојби пред се катастрофално финансиски општини со големи долгови, исто така кадровски неекипирани, општини без проекти исто така тоа надополнето со големи кочници од страна на централната власт. Но сето тоа го предизвика и економската криза, енергетската криза и ковид криза која што за жал го зафати целиот свет, Балканот, а посебно Македонија поради не добрите владини политики. И тоа не знаење на власта, недоброто менаџирање со целокупната криза успешно ја префрлија на општините со две цели да прикажат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не знаат да се сносат со проблемите, недобро работат, да прикажат лоша слика во тие општини и од друга страна она што беше нивна обврска, најлесно беше да се префрли на друг, а кој ако не општините кои имаат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ристески.

Ристески кажа дека и Министерството за локална самоуправа е еден нем посматрач во целокупната оваа проблематика.

-Да напоменам и тоа дека имаме влада која што спрема општините се однесува за некој мајка за некој маќеа, а тоа можат да го кажат и градоначалниците од свое лично искуство. Да напоменам дека и ресорното министерство кое што треба да се грижи за развојот, за унапредувањето на децентрализацијата, посебно фискалната децентрализација, приливот на финансиски средства од централниот буџет на локално ниво, министерството за локална самоуправа претставува еден нем посматрач во целокупната оваа проблематика, рече Ристески и се осврна на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и нагласи:
-Иако имавме најaвување пред две години на голема врата, на рехабилитираниот пензионер, господинот Пенов, кој го најавија како големо засилување во владата и неговото поставување како министeр за локална самоуправа, очекувавме да даде дел од „своето големо политичко искуство“ и како екс градоначалник во подобро функционирање на ова министерство да биде еден вид спој на централната власт со општините. Но, освен неколку настапи и промоција на почетокот на неколку медиуми како негово назначување за министер и некоја ретка средба во текот на овие 2 години во општините повеќе протоколарно и негово фалење на сите оние грешни политики кои ги прави актуелната власт, ние немаме видено некоја конкретна активност, додаде Ристески.

Најнови вести од Македонија

To top