Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 16-годишник од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.
Пријавениот, на 01.05.2024 пред викенд куќа во с.Мождивњак, го одзел патничкото возило на С.Р. кое било отклучено со клуч за стартување на бравата, при што се упатил кон с.Конопница, а потоа возилото го оставил кај браната Кнежево.