Македонија Честитка од премиерот

Мицкоски со честитка по повод 4-ти Јули, годишнината од независноста на САД

Тој порача: „Посакувам на американскиот народ ден исполнет со радост, гордост и единство. Среќен 4 Јули’!

Мицкоски со честитка по повод 4-ти Јули, годишнината од независноста на САД

Во името на Владата и во мое лично име, дозволете да упатам најискрени честитки по повод 248-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

-Овој значаен ден ја симболизира борбата за слобода и демократија кои се носечки вредности кои ги споделуваат нашите две нации. Имаме долгогодишно пријателство кое го поттикнува мирот, стабилноста и просперитетот на нашите земји, поширокиот регион и светот. Ние продолжуваме да бидеме силно посветени за натамошен развој на оваа плодна соработка и за уште поголемо зајакнување на нашите билатерални врски, напиша премиерот.

Тој порача: „Посакувам на американскиот народ ден исполнет со радост, гордост и единство. Среќен 4 Јули’!

Најнови вести од Македонија

To top