Македонија Министерство за одбрана

Министерот Мисајловски оствари средба со амбасадорот Лосон и одбранбеното аташе Грин

Министерот посочи: „Заедно продолжуваме да придонесуваме за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност“.

Министерот Мисајловски оствари средба со амбасадорот Лосон и одбранбеното аташе Грин

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон и одбранбеното аташе Грин.

-Обединетото Кралство е круцијален партнер во поглед на одбранената соработка. Се заблагодарив за посветеноста на Обединетото Кралство за безбеден и стабилен регион а особено за нивниот континуиран придонес за развој на македонските одбранбени капацитети, преку донации, обуки и школувања за припадниците на Армијата, истакна Мисајловски по средбата.

Министерот посочи: „Заедно продолжуваме да придонесуваме за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност“.

Најнови вести од Македонија

To top