Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на Фондот за здравство.
Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.
Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30 годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор.
Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот.
Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.