Свет

Новата холандска Влада денеска ќе положи заклетва

Новата холандска Влада денеска ќе положи заклетва повеќе од седум месеци по изборите. Кабинетот на чело со Дик Шуф ќе стапи на должност, а министрите и државните секретари ќе положат заклетва пред кралот Вилем-Александар во палатата Хуис тен Бош, пишува „НЛ Тајмс“.

Членовите на новата влада веднаш потоа ќе се соберат на владина седница. Тие треба да почнат да работат во наредните недели за да ги спроведат договорите постигнати во коалицискиот договор на Партијата на слободата, Партијата на десниот центар на премиерот во заминување Марк Руте, Центристичката партија и Протестната партија на земјоделците.

Во новиот кабинет има малку луѓе со искуство во државна администрација. Во владата претходно беа државната секретарка Оли Мариел Пол од Партијата на десниот центар и вицепремиерката Мона Кејзер од Протестната партија на земјоделците. Сепак, огромното мнозинство членови на владата доаѓаат од политички кругови и покрај претходните планови околу половина од новите министри да бидат надвор од светот на политиката.

Подоцна денеска, ресори во различни министерства ќе бидат доделени на нови министри. Дик Шуф ​​го наследи Марк Руте, кој е назначен за нов генерален секретар на НАТО.

Најнови вести од Свет

To top