Пејачката Тејлор Свифт моментално е на светска турнеја.
Нејзината обожавателка Ана Клара Беневидес почина во петокот навечер на Естадио Олимпико Нилтон Сантос додека присуствува на концерт на пејачката. Сомнежите се дека се работи за срцев удар, а меѓу другото се наведува дека на преполниот концерт температурата била близу 40 Целзиусови степени.
Бразилскиот печат „Фола Де Сао Паоло“ ја објави веста за смртта на девојката. Во извештајот се вели дека лекарите се обиделе да ја оживеат откако ја префрлиле во локална болница, но напорите биле залудни.
Поради високата температура на стадионот, Тејлор Свифт побара од персоналот да им даде вода на луѓето кои доаѓаат на концертот на влезот. Обожавателите објавија видео од концертот каде пејачката фрла шишиња со вода во толпата.
🏟️| Taylor throwing a water bottle to a fan who needs help while singing All Too Well 💪 #RioTSTheErasTour pic.twitter.com/LfjPphKXI9
— Taylor Swift Updates 🩵 (@swifferupdates) November 18, 2023
Во петокот вечерта во Рио беше 37 степени Целзиусови, но бразилскиот печат објави дека се чувствувало како 45 степени во градот.
По смртта на Ана Клара, Тејлор Свифт на Инстаграм изрази сочувство до семејството и неверување дека ваква трагедија се случила пред почетокот на концертот.