Македонија

Рекордни повици до 112 поради невремето, еве какви штети се пријавени

Граѓаните се уште треба да бидат внимателни заради можно невреме. Од УХМР известија дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Инаку, за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.

Рекордни повици до 112 поради невремето, еве какви штети се пријавени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие имало рекорден број повици, вкупно 2.778 повици.

Од нив „реални“ повици биле 57,16%, а 42,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 34,48%, кон Итната медицинска помош 15,27%, а кон пожарникарите 2,63%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Вчера имаше појава на невреме со поројни врнежи од дожд, силен ветар, молњи и на места и врнежи од град, согласно правовремената најава од УХМР и објавувањето на медиумите за внимателност, што предизвика штети во Скопско, Кумановско, Кривопаланечко Велешко, Кавадаречко, голема нестабилност во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово и во други делови од државата.

Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, се добиени пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, како и за скршени гранки, скинати проводници, за навалени бандери и за други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, за проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, за оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

Сите повици за итни случаи за поединечни или комбинирани интервенции се транферирани, преку Секторот за операции и координација на ЦУК, до надлежните институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Најголем број од пријавите се однесуваа особено за населбите Волково и Даме Груев (Општина Ѓорче Петров), како и во населбата Шуто Оризари (Општина Шуто Оризари), додека имаше пријави и за во општините Аеродром, Карпош, Чаир, Гази Баба, а и во другите скопски општини.

РЦУК – Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во испумпувале вода во подрумски простории во „Македонска пошта“ во Велес.

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека од ТППЕ Куманово, интервенирала на испумпување вода од подрумски простории на 6 куќи: на ул. „Никола Вапцаров“, 1 куќа во нас. „Карпош“, 1 куќа во нас. „Перо Чичо“ и подрумски дел на зграда на ул.„11ти Октомври“. Интервенирано е со пумпи за испумпување на вода со 3 ПП возила и 10 пожарникари. ЈП „Водовод“ – Куманово, во текот на денот имале интервенции за итни случаи на делови од атмосферска канализација низ улиците во Куманово.

Во Општина Крива Паланка, од поројните врнежи од дожд кои беа во последните две деноноќија, ТППЕ Крива Паланка, од 08:00 до 12:00 часот, вршела испумпување вода од простории на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка. Биле поплавени подрумски простории на ул.Свети Јоаким Осоговски  каде водата сама се повлекла. Имало отсечен пат во с.Станци, на кој се работи на расчистување на истиот.

РЦУК – Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Тетово, во која се наведува дека во текот на денот интервенирале на места каде се уште имало потреба по невремето со пороен дожд.

Граѓаните се уште треба да бидат внимателни заради можно невреме. Од УХМР известија дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Инаку, за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.

Најнови вести од Македонија

To top