Во обилните врнежи кои го погодија германскиот регион Баден-Виртемберг настрада и стадионот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм.
Како што може да се види на снимките кои се појавија, „Рајн Некар арена“ е целосно потопена, а теренот е уништен.
Schwimmverein aus Hoffenheim 💙🤍 pic.twitter.com/QY81kigKcB
— Kraichgau Krieger (@1899_robert) June 27, 2024
Дождот непрекинато и интензивно врнеше неколку дена, па стадионот кој е отворен во 2009 година, се претвори во вистински базен.
Стадионот има капацитет од 30.000 места, а Хофенхајм ја заврши минатата сезона на седмото место и се пласираше во Лигата на Европа.
Хофенхајм сè уште не се изјаснил јавно за поплавата, а во Баден-Виртемберг е прогласен четврти степен на тревога поради обилните врнежи.